| четврток, 6 декември 2018 |

Тамара Мавсар е нова ракометарка на ЖРК Вардар

tamara mavsar

ЖРК Вардар од следната сезона ќе биде посилен за уште една словенечка интернационалка, Тамара Мавсар, која ќе пристигне од редовите на Крим. Таа ќе потпише двегодишен договор со „црвено-црните“ и игра на позицијата лево крило. На оваа позиција ЖРК Вардар од идната сезона ќе ја има и Норвежаната Камила Херем.

– Точно е, договорив соработка со ЖРК Вардар и ќе бидам во Скопје во наредните две сезони. Жал ми е што го напуштам Крим, но сакав нов предизвик и верувам дека ја донесов вистинската одлука – изјави словенечката ракометарка.

Таа во ЖРК Вардар ќе ѝ се придружи на својата сонародничка, Барбара Лазовиќ Врлец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top