Советот на јавните обвинители на Република Македонија на денешната редовна седница избра еден јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Македонија и двајца јавни обвинители во Вишото јавно обвинителство – Скопје.
За јавна обвинителка во Јавното обвинителство е избрана јавната обвинителка Гордана Ѓешкоска, која доаѓа од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
За јавни обвинителки во Вишо јавно обвинителство Скопје се избрани Наталија Тасевска и Анита Топалова-Исајловска.
„И двете обвинителки доаѓаат од Основното јавно обвинителство – Скопје“, се наведува во соопштението од Советот на јавните обвинители.
Новоизбраните јавни обвинителки утре ќе дадат свечени изјави пред членовите на Советот на јавните обвинители на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.