Од СДСМ велат дека нивниот став е веќе добро познат – единствен начин за надминување на кризата е да се седне и низ политички дијалог да се дојде до решение. Неофицијално велат дека нема да отстапат од барањето за предвремени парламентарни избори.
ВМРО – ДПМНЕ веќе неколку пати најави дека не се за предвремени парламентарни избори. Тоа синоќа во петчасовната емисија го потврди уште еднаш нивниот лидер, Груевски.
И ДУИ како и ВМРО- ДПМНЕ се против комбинирани избори, заедно со локалните да се организираат и предвремени парламентарни избори. Неодамна и Ахмети повика кризата да се надмине. Апелираше СДСМ да се врати во парламентот.
ДПА се за локални изборни но не во пакет со предвремени парламентарни избори. Политичката криза под 24 декември сметаат дека може да се реши само со дијалог преку лидерска средба на четирите релевантни партии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски



