Општина Чаир во претстојниот период треба да го одобри предложениот проект, по што градските власти треба да дадат сопствено мислење, објави „Билд.мк“.
Со идејното решение за новиот Бит-пазар се обезбедува целосно покривање на пазарот, поставување на 1.000 нови тезги, целосно обновување на водоводната и на канализациската инфраструктура, обезбедување на просторот за паркинг со капацитет од 230 возила и изградба на нов деловен простор со површина од 600 квадратни метри.
Современиот лик за Бит-пазар како проект е влезен во развојната инвестициска програма за 2016 година на „Скопски пазар“. Истовремено, компанијата ги поканува заинтересираните градежни фирми да достават свое портфолио, што претставува чекор кон избор на најповолен изведувач на работите.
– Со реализацијата на овој проект за нашите ценети сограѓани ќе овозможиме нов модерен начин на пазарење, како и подобрување на функционалноста и на условите за работење на корисниците – истакнуваат од „Скопски пазар“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


