Италијанскиот фудбалер од средината на теренот кој настапува за францускиот гигант ПСЖ го продолжи договорот до 2020 година.
Фудбалерот што пристигна од второлигашот Пескара во 2012 година се покажа како одлично засилување за „светците“. Во меѓувреме, интерес за Верати искажаа Реал Мадрид, Баерн Минхен, како и неколку екипи од Англија, но францускиот шампион не сакаше ни да чуе за негова продажба, ги интензивираше преговорите за нов договор, што утрово и официјално беше потпишан.
– Пресреќен сум од укажаната доверба на тренерот и на челниците на клубот. Дојдов овде многу млад, но и јас растев во исто време како што ПСЖ растеше како клуб. Имаме зад себе одлична сезона, но не планираме да застанеме, знаеме дека вистинските предизвици допрва претстојат, сакаме да освоиме уште неколку трофеи во следните месеци – изјави Верати по потпишувањето на новиот договор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.