На една од прес-конференциите на СДСМ беше објавен и разговорот на адвокатот Виктор Цветковски од Kуманово, инаку член на ГРОМ, со Гордана Јанкулоска. По тоа, Цветковски поднел пријава до Обвинителството во Kуманово затоа што неовластено бил прислушуван и затоа што содржината од разговорот јавно бил прикажана. И едното и другото се казниви според нашиот Kривичен законик. Цветковски сметал дека за ова дело се гони по службена должност бидејќи пријавата пред сe` ја поднел против СДСМ како правно лице, пишува денешен „Дневник“.
Обвинителството во Kуманово првично му ја одбило пријавата упатувајќи го да гони со приватна тужба. За тоа добил решение, како што налага Законот за кривичната постапка, со правна поука која е задолжителна и која вели дека против решението да поднесе жалба до Вишото јавно обвинителство. Тој тоа и го сторил, а Вишото јавно обвинителство му ја усвоило жалбата и му наложило на Обвинителството во Kуманово да го гони ова дело по службена должност бидејќи првично пријавено е правно лице и кон тоа службени лица од партијата.
Меѓутоа, во меѓувреме, формирано е специјалното јавно обвинителство и тоа преземајќи ја надлежноста врз делата поврзани со незаконското прислушување, го презело и предметот на Цветковски. И дотука се` е во ред. Но, во јануари, тој добил „Известување“ потпишано од Kатица Јанева дека пријавата му се одбива затоа што станувало збор за дело за кое се гони по приватна тужба. Kаде е проблемот?
Законот за кривичната постапка пропишува дека во вакви случаи Обвинителството е должно до оштетениот од кривичното дело да упати решение: „Јавниот обвинител со решение ќе ја отфрли кривичната пријава ако од самата пријава произлегува дека пријавеното дело не е кривично дело за кое се гони по службена должност…“ вели Законот во член 288. Понатаму: „Решението за отфрлање на кривичната пријава му се доставува на оштетениот со поука дека може во рок од осум дена да поднесе жалба до непосредно повисокиот јавен обвинител, а подносителот на пријавата се известува за причините за отфрлањето.“
Значи, Законот ја покрива и ситуацијата кога пријавата е од граѓанин кој не е директно оштетен од кривичното дело, но и ситуацијата кога едно исто лице, како во случајот со Цветковски, истовремено е и оштетен и подносител на пријавата. За вториот случај, Законот вели дека на оштетениот, во случајот Цветковски, треба да му се достави решение, а не известување, со правна поука. Токму како што сторило Основното јавно обвинителство на Kуманово пред формирањето на специјалното обвинителство на Kатица Јанева. Во тоа решение, кое мора да има изрека и потоа образложение, а задолжителна е и правната поука. Што направила Јанева?
Наместо тоа, таа на Цветковски му испратила „Известување“, како да е граѓанин кој пријавил кривично дело со кое не засегнат, а не и оштетен од истото кривично дело. Постојат две можни причини за ова. Едната е дека Јанева и нејзините не го уште не стигнале да ги прочитаат сите страници на ЗKП. Втората, е дека тие не ни можеле да напишат правна поука бидејќи во случајов нема на кое повисоко обвинителство да го упатат Цветковски, што е директно уривање на ЗKП по кој постапуваат сите обвинителства и судови во РМ. Така сега имаме ситуација во која секој граѓанин на РМ оштетен од одредено кривично дело, ако поднесе пријава до ЈО ќе добие повратно решение и можност да се жали до повисок орган ако пријавата му е одбиена. Но, ако истиот граѓанин поднесе пријава до СЈО и таа му биде одбиена, ќе добие пусулче наречено известување и нема да добие можност на тоа пусулче да се жали. Што само по себе е преседан од невидени размери. Но, што би рекла Јанева, правната наука има што да научи од СЈО, пишува „Дневник“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Министерот покрена постапка против романската обвинителка Ковеси, другарката на Катица
-
Катица Јанева: Покренуваме обвинение против пајакот
-
Скандалозна кражба на клуч за време на претресот на СЈО во домот на судијата Панчевски (видео)
-
Маневски: Треба да се избере професионален јавен обвинител, а не некој како Јанева