Лејди Гага вечерва на доделувањето ан Греми награди ќе има осум минутно шоу посветено на Боуви, а пејачката најде и начин како засекогаш да го запамети тој момент.
Гага во знак на сеќавање на легендарниот Боуви го тетовирал неговиот лик на ребрата.
Тоа е нејзината осумнаесетта тетоважа, а фотографиите ги споделила на социјалната мрежа Снепчат.
Организаторите на доделувањето на Греми награди велат дека на почеток сакале Лејди Гага да настапува оваа година, а кога починал Боуви, сакале да сторат нешто во негова чест. Сфатиле дека Гага е најдоброто решение за одавање почест на легендарниот рокер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.