Многу луѓе додека се тушираат попатно го мијат и лицето, но експертите предупредуваат дека тоа не е толку добрa навика.
За почеток, тие сметаат дека е тешко да се контролира температурата на водата кога правите повеќе работи одеднаш, а температурата на водата е всушност најважниот фактор за миење на лицето.
Дерматологот д-р Танзи, им препорачува на своите пациенти да го мијат твоето лице само над мијалникот.
-Температурата може да се регулира подобро, а деликатната кожа на лицето најдобро е да се мие со млака или студена вода, вели докторката.
Врелата вода со која што се туширате, всушност, и’ штети на кожата на лицето и ја дехидрира. Ако сте склони кон црвенило, топлата вода само ќе го влоши проблемот.
Исто така постои и проблемот со употребата на производи за туширање, чии остатоци остануваат на кожата на лицето по употребата. Шампонот или регенератор за коса што не се наменети за чистење на тој дел од телото, па затоа мијте го лицето над мијалникот, а телото на вообичаениот начин – во када или во туш кабина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.