| четврток, 6 декември 2018 |

Вистината за масакрот на Ал Капоне на Свети Валентин (ФОТО)

Алфонс Габриел „Ал“ Капоне бил најпознатиот американски криминалец од добата на „сувиот закон“ во САД. Тој бил водачот на Чикашката мафија, која оперирала во 20-тите години од минатиот век во Чикаго и се занимавала со незаконска трговија со алкохол, проституција и изнудување рекет.Елиминирањето на непријателите на брутални начини и добрата заработувачка од криминал го поставиле Капоне на тронот на еден од најпознатите гангстери, а медиумите го прогласија за „Државен непријател број 1“.

Al-Kapone-Jutjub-650x439

Ал „Скарфејс“ Капоне одлучил да ја запре еднаш засекогаш бандата којашто ја водел ирскиот гангстер Џорџ „Багс“ Моран, неговиот најголем непријател.

Облечени во полициски униформи, своите луѓе му ги испратил на Моран, а тој самиот неколку дена претходно отпатувал во Мајами. Иако сите знаеле кој стои зад овој напад, Ал Капоне имал цврсто алиби и никогаш не е обвинет за масакрот на Денот на вљубените.

Тој 14 февруари 1929 година во гаражата во Линколн Парк се убиени седум мажи, од кои пет работеле за Моран.

kapone

Осумдесет и седум години подоцна се откриени документи со детали од аутопсијата на убиените и испитувањата на сведоците, кои биле скриени во метална кутија во складиштето, а тие документи фрлаат едно ново светло на најкрвавиот настан во мафијашката историја на Чикаго.

За тоа е заслужен Џејмс Слеџ, главниот окружен патолог. Иако е добар познавач на локалната историја, за медиумите рекол дека почувствувал ледена пот на грбот кога ги открил скриените документи.

„Извештајот многу живописно и детално го опишува она што се случило – рекол Слеџ.

kapone1

Убиените биле буквално распарчени и изрешетани со куршуми, а на местото на настанот се пронајдни дури 160 футроли во кои се наоѓала муниција за автоматски пушки.

Злосторството формално останало нерешно до денес, бидејќи никогаш никој не докажал дека зад него стои Ал Капоне. Од документите коишто ги открил Слеџ јасно е колку ѝ било тешко на полицијата да спроведе истрага, бидејќи сите потенцијални сведоци биле премногу исплашени за да откријат што било.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top