Австрискиот министер за одбрана Ханс Петер Доскоцил се заложи за доследно спроведување на граничните контроли, како во Австрија, така и во нејзините соседни држаби, како една од мерките за справување со бегалската криза.
– Мораме да дејствуваме, бидејќи повеќе не можеме да чекаме на европско решение. Неопходно е да се сконцетрираме на Балканот, изјави Доскоцил за австриското радио О1, најавувајќи дека ќе предложи испраќање австриски војници на границата меѓу Македонија и Грција.
Тој оцени дека повеќе не смее да се повтори истата грешка и Австрија да чека преземање мерки на европско ниво, како што направи минатата година.
– Потребно е што поскоро да се воведеат гранични контрола во Австрија, но и во соседните земји, бидејќи на краток и на среден рок не е можно поинакво решение (за бегалскиот прилив), истакна Доскоцил.
Австрискиот министер во изјавата посочи и дека е исклучително важно да им се пружи подршка на Македонија и на Србија во спроведувањето на граничните контроли, а ако е потребно и за „затворање на границите“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.