| четврток, 6 декември 2018 |

Австрија бара координираност ако Турција ги „пушти“ мигрантите

Австрија бара од земјите од Централна и Источна Европа да ги координираат дејствувањата на полицијата и армијата во случај на неуспех на договорот ЕУ-Турција за мигрантите, изјави денеска австрискиот министер за одбрана Ханс Петер Доскоцил.

– Откако договорот меѓу ЕУ и Турција стана се покревок и покревок, а и првите пукнатини стануваат видливи, тогаш ние треба да сме сигурни дека сме подготвени да дејствуваме, истакна Доскоцил по средбата со колеги од Централна и Источна Европа.

Тој нагласи дека планира да оствари уште една ваква средба, на која ќе учествуваат и министри за внатрешни работи, за да биде составен план за дејствување.

Турција и се заканува на ЕУ дека ќе го откаже договорот за бегалците до крајот на годината, доколку не биде исполнето барањето за визна либерализација за турските граѓани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top