Нова спортска сала за Факултетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид , е еден од новите седум мерки за младите и мега проекти што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, денеска ги промовираше.
Салата треба да е лоцирана во универзитетскито капус каде и ќе се пресели универзитетот и факултетите во Охрид, на местото каде беше касарната.
Како што рече Груевски изградбата на современата спортска сала ќе започне во текот на 2017 година. Подготвителните активности се веќе започнати. Груевски рече дека новите седум мерки за младите ќе значат подобрување и унапредување на нивната положба, подобри услови и сигурна иднина. Заедно со денешните, во изминатите два месеца беа промовирани вкупно 27 проекти за младите во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски