Пред вас е слика на мандали, свети кругови, според будистичкото верување.Набљудувајте ги 30 секунди, а потоа изберете една…Ќе дознаете што ви недостига.
1. Хармонија
Елементот на духот. Мандала претставува совршена рамнотежа на јин и јанг, мажевноста и женската енергија. Носи симбол на лебед. Ако сте го избрале токму овој знак, неговата порака е дека морате да најдете баланс меѓу своите и туѓите очекувања, како во работата, така и во приватниот живот. Мандала ве предупредува да ги преиспитате и да ги поставите своите приоритети во моменталната ситуација.
2. Исцелување
Елемент на духот. Мандала носи симбол на жаба и претставува потреба за исцелување. Оној што ќе ја одбере оваа мандала време му е да ги залечи старите рани, да се помири со нештата од минатото кои му нанесувале болка и да ги прекине односите кои му штетат. Мандалата порачува дека треба помалку да се грижат за она што доаѓа, туку да се фокусираат на моменталната ситуација.
3. Интуиција
Елемент на духот. Мандала носи симбол на був, што значи способност за снаоѓање и барање светлина во мракот. Во превод, на оној што ќе го одбере овој знак на мандала му помага да ја разбуди својата интуиција и дух. Мандала, симбол був, се однесува како чувар на вашата скриена мудрост. Оној што ја избира има потреба да го искаже своето мислење и се потпира на својата мудрост и искуство.
4. Визија
Елемент на духот. Мандала носи симбол на бел тигар. Таа ја претставува потребата за појасно согледување на стварноста. Симболот на мачка претставува потреба за полно внимание, прецизност и фокусирање. Според оваа мандала потребно е да замислите и да ја предвидите својата иднина. Кој правец е најдобар за вас? Не го губете вниманието, останете фокусирани!
5. Простување
Елемент на вода. Носи симбол на куче. Ако сте ја избрале оваа мандала имате потреба за припадност некому или на нешто. Таа потсетува дека треба да си простуваме себе си и на другите и да одите до ср’жта на проблемите ако сакате да ги решите. Согледајте ги добро односите кои ве мачат и оставете ги зад себе. Еднаш кога ќе си простите себе си или на другите кои можеби ве повредиле, почнува процес на исцелување и можете да тргнете понатаму низ животот.
6.Комуникација
Елемент на вода. Ја симболизира кит кој пее на единствен начин и грациозно укажува на својата присутност. Мандалата која тера да нурнеме подлабоко во нашата потсвест и подобро да комуницираме со себе си, но и со другите. Ако сте ја избрале оваа мандала тоа значи дека е потребно да научите како на вистински начин да ги искажете своите желби и ставови.
7. Фантазија
Елемент на вода. Симболот на оваа мандала е вилинско коњче, кое претставува способност да се гледа на стварноста од креативната страна, односно укажува на потребата вашата креативност да излезе на површина. Ако сте ја избрале оваа мандала тоа значи дека е потребно помалку да размислувате и се да и препуштите на фантазијата. Дозволете си себе си са одите по она што го сакате, немојте да бидете роб на сопствените стравови.
8. Љубов
Елемент на вода. Оваа мандала носи одлики на морско коњче: давање, примање и негување-се што е неопходно за љубов. Ако можеби сте ја избрале оваа мандала, можеби токму овие особини ви недостигаат. Би требали да се отворите, да се поврзете со другите луѓе околу вас, да си дозволите себе си да ги сакате, а за сето тоа да го направите, прво мора да се засакате себе си.
9. Сочувствување
Еелемент на воздух. А оваа мандала ги претставува особините на слонот. Ја одликуваат емпатија, сочувствување…Ако можеби оваа мандала сте ја избрале дојдено е крајно време повторно да се поврзете со своите блиски. Подобро да ги сфатите и да ги сослушате. Запрашајте се дали луѓето ги советувате или само ги осудувате. Бидете понежни.
10. Сила
Ова е елемнт на воздух. Орелот ја претставува оваа мандала и означува прецизни и јасни намери и неверојатна животна сила. Ако сте го избрале овој знак би требало да ја побарате таа сила во себе, би требало да поработите на вашата храброст и да ја поткренете на ново ниво. Набљудувајте ја ситуацијата околу себе и според неа работете.
11. Инспирација
Ова е елемент на воздухот. Симболот на оваа мандала е паун. Тој како таков претставува убавина, гордост и посебна перспектива на животот. Оваа мандала треба да не потсети никогаш да не забораваме да покажеме што се имаме да му понудиме на светот. Оној што ја избрал оваа мандала би требало да се сврти околу себе и да стане свесен за убавината која го опкружува. Верувајте си себе си и останете горди, покажете ги талентите и дозволете инспирацијаѕа да ги придвижи најдоброто во вас. Ќе ви се сиплати.
12. Заштита
Елемент на воздух. Оваа мандала симболизира мечка која со себе носи заштитничка природа, означува луѓе кои цврсто стојат на земја. Не потсетува исто така, дека добро треба да процениме кога се повлекуваме, а кога да се подговтиме на долго чекање. Ако сте ја избрале оваа мандала крајно време е да почнете да ја контролирате својата моќ…да почнете да стоите цврсто зас своите ставови, да верувате во вашите инстинкти…Не треба да бегате од судири. Научете кога треба да го заштитите своето срце, a кога треба да се борите за него.
13. Самодоверба
Елемент на оган. Оваа мандала носи со себе лав и сите негови особини. претставува силна енергија, чувство за гордост и харизматичност. Ако сте ја избрале оваа мандала духот ви препорачува дека е крајно време да станете лудер самите на себе и да престанете да жуивеете во сенката на другите, не прифаќајте нешта од кои не сте задоволни.
14. Мотивација
Елемент на вода. Овој знак ги носи со себе особините на коњот. Ги одликува чувство на неверојатна енергија, посветенсота и неверојатна желба за слобода. Ако сте ја избрале оваа мандала ви требали да знаете дека нема повеќе време за чекање, придвижете се. Самите морате да вложите труд ако сакате да соберете плодови. Заборавете на изговорите, бидејќи ќе добиете нешто само ако целосно се заложите за тоа.
15. Трансформација
Елемент за земја. Оваа мандала носи со себе особини на змија: сензуалност, способност да се отфрли старото и да се прифати новото. Ве потсетува дека во животот некогаш треба да мирувате и да се прилагодите за да соберете енергија. Пораката за вас е токму таа. Прилагодете се на промените кои ви претстојат, а пред да се случат дознајте што е тоа што ве кочи во старата кожа, за лесно да ја прифатите новата.
16. Прилики
Елемент на оган. Петелот е симбол на оваа мандала која ве потсетува дека никогаш не треба да престанете да чукате во одредена врата. Носи оптимизам, одлучност и неверојатна упорност. Клучниот збор за решавање на вашите проблеми е значи упорноста, не се откажувајте лесно. Упорноста ќе ве извлече и од најголемата темнина.
17. Создавање
Елемент на земја. Особините на оваа мандала се одликите на орангутанот: креативност и можност за создавање, поради уживање, не само за преживување. Овој знак говори дека моментално се наоѓате на животна раскрсница. Ако нешто сакате да направите за себе, сега е вистинскиот момент да се придвижите. Раскажете ја вашата приказна, покажете за што размислувате, бидете отворени. искажете го тоа на било кој начин.
18. Благодарност
Елемент на земја.Симболот на оваа мандала е бизон.Тој има многу голема поврзаност и благодарност кон земјата по која оди. Ако сте го избрале овој знак би требало да успорите, да се приземјите во животот. Би требало да сфатите дека најдобар е оној живот кој се живее во сегашноста, а дека до големите нешта воадат мали нешта во кои треба да уживате секој ден.
19. Инстинкт
Елемент на земја. Ајкулата е симбол на оваа мандала која претставува основно знаење за животот според сопствениот инстинкт. Ако воа е ваш знак би требало маклу да се осамосталите, да се осамите и да почнете да се слушате себе си. Чувствувате инстинкт, верувајте му, не дозволувајте другите да ве поколебаат на тој пат.
20. Поврзаност
Елемент на земја. Зад овој знак се кријат одобини на волк, силен инстинкт, мудрост и желбата за припаѓање на чопоро. Ако сте го избрале овој симбол, време е да ги занемарите работите кои ја одземаат вашата природна енергија. поврзете се со приридата, со вашите блиски и со себе си.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шекеринска потврди: Точно е дека СДСМ предложи албански симболи на парите
-
Терористите на ИД после секој масакр прават исто движење: Како испружениот показалец стана симбол на злото
-
Родители внимавајте: овој симбол го користат педофилите за меѓусебно да се препознаат (видео)
-
Овие пет соништа се најава за нова голема љубов во вашиот живот