Во текот на вчерашниот ден околу 17:45 часот на скопскиот булевар „Македонско Косовска Бригада“, непознато вооружено лице ограбило бензинска пумпа на „Макпетрол“. Маскираното лице носело пиштол, а од вработениот одзел околу 100.000 денари по што го напуштил местото на настанот.
Вториот случај е пријавен во Полициската станица во Драчево – во основното училиште „Алија Авдовиќ“ во село Батинци, непознат сторител или сторители извршиле тешка кражба на тој начин што најпрво со погоден предмет делувале на еден од прозорите, влегле внатре, а потоа го отвориле шкафот од каде одзеле 38 лаптоп компјутери. по Крадците се стекнале со противправна имотна корист од околу 190.000 денари.
Во истата полициска станица во Драчево завчера е пријавена друга кражба. Во куќата на 61-годишниот И.И. од селото Батинци била извршена кражба, откако крадецот успеал да се качи на терасата и да ја отвори балконската врата. Крадецот ја пребарал куќата и си заминал со „плен“ со околу 5.500 евра, четири златни прстени и четири златни алки. Според првичниот извештај, непознатиот сторител се стекнал со по што противправна имотна корист од околу 420.000 денари.
Последниот, четврти случај е евидентиран вчера во полициската станица на скопски Бит Пазар. Таму С.П. (52) од Скопје пријавила дека истиот ден на улицата „Панче Неделковски“ поточно во црквата „Св. Ѓоргија“ непознат сторител извршил тешка кражба на тој начин што насилно ја отворил касата, по што одзел околу 4.000 денари, и го напуштил местото на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


