
Германскиот интернационалец Месут Озил им порачал на раководните луѓе на Арсенал дека нема да го продолжи договорот со овој клуб. Неговиот актуелен договор истекува во јуни 2018 година, а најверојатно тој би си заминал од „Емирати“ една година претходно, или дури можеби и на крајот од оваа сезона. Озил сфатил дека сепак Арсенал нема капацитет за освојување на трофејот во Лигата на шампионите, ветување што му го дал Арсен Венгер при неговото доаѓање од Реал Мадрид. Тоа било и одлучувачки фактор за Германецот да се одлучи да го носи дресот на „топчиите“.
Ози би можел да се врати во Примера, и тоа на најголемиот ривал на „кралскиот клуб“, Барселона, открива „Марка“. Луис Енрике е сериозно заинтересиран за услугите на Озил и начелни разговори со неговиот агент се веќе остварени. Останува да се види како на ова ќе реагира Арсенал и дали ќе му достави нова, подобра понуда за продолжување на неговиот договор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Прв триумф на Металург во Лигата на шампиони
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји


