Нема основа за притвор на осум лица што ги бараше Специјалното јавно обвинителство и Катица Јанева, решил Основниот суд Скопје 1 по сериозната анализа на аругуемтните, објави порталот „Курир“.
Според пишувањата на порталот „целиот предмет на Јанева бил прилично слаб и само врз основа на сомнителни искази на четири лица, се инсистирало изрекување на притвор за осуммина, иако за тоа не постоело никакво логично обрзаложение“.
Како што јавува „Курир“ апсурдот да биде поголем, кога гневот на тимот на Катица Јанева кулминирал, нивниот настап бил толку вулгарен што единствениот градоначалник Македонец во Албанија, Едмонд Темелко, бил брутално напаѓан заради тоа што имал македонска партија во соседната држава и постоела опасност тој да ги повика Македонците да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ.
Присутните се чуделе на ваквите испади на СЈО со аргумент дека и Заев повикува граѓаните да гласаат за СДСМ и американскиот претседател Барак Обама повикувал на изборите во САД да се гласа за него и дека тоа е дел од работата на секој политичар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.