Трибина посветена на економијата, инфраструктурата и претриемништвото одржа поладнево ВМРО-ДПМНЕ на која претседателот на партијата Никола Груевски и министрите за финансии и за транспорт и врски, Зоран Ставрески и Владо Мисајловски, се осврнаа на политиките, проектите и реформите во изминатите години со кои државата успеала да помине со полесни последици во светската криза и европската должничка криза.
Зборувајќи за резултатите низ бројки, Груевски рече дека тие се темелат на работа врз голем број проекти, многу труд и фокусираност на бизнисот, претприемништвото, иновациите, истражувањата и поддршка на севкупната економија. Добар дел од стратегијата за економски напредок, рече тој, се базира и на капиталните инвестиции во инфраструктурата, посочувајчќи дека се модернизирани двата аеродрома и се изградени многу патишта значајни и за стопанството и за граѓаните.
– Во моментов е во тек изградба на три автопати во должина од околу 142 км и 13 регионални патишта во должина од 165 км, што за големина како нашата држава е огромен инвестициски зафат. Завршена е изградба и реконструкцијата на над 400 локални патишта низ државата. Севкупните инвестиции за изградба на патиштата во изминатиот период надминуваат една милијарда евра, рече Груевски и посочи дека се подготвува нова програма со која ќе биде опфатена изградба или реконструкција на многу нови делници, автопати, нови регионални и локални патишта и неколку експресни патишта.
Во однос на железниката инфраструктура, рече дека се инвестирани околу 48 милиони евра за реконструкција на пругите на Коридорот 10 и набавка на нови вагони и возови.
– Во тек се инвестиции во висина од 84 милиони евра во изградба на пруга кон Бугарија и кон Грција, реконструкција на пруги и на повеќе железнички станици низ Македонија. Во наредниот период планираме инвестици преку половина милијарда евра за изградба на пругата кон Бугарија и кон Албанија, рече Груевски за проектите од инфраструктурата за кои посебен осврт имаше и ресорниот министер Владо Мисајловски.
Посебен акцент на трибината беше ставен на важноста на претприемништвото и мерките кои ги презема Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да се поттикнуваат младите да бидат креативни и иновативни, да бидат храбри за отворање бизнис и за да се смени свеста за овој сегмент од економијата кој бил запоставен во минатото.
Груевски посочи дека во однос на претпримеништвото Македонија испишува нова историја, спомнувајќи ги мерките, межу кои воведување предмети за претпреимништво во основното и во средното образование, медиумска кампања за поттикнување на мали бизниси и создавање на Фондот за инвации кој им помага со грантови на луѓето што имаат идеи. Рече дека за оваа година Фондот ќе има двојно поголем буџет за луѓето кои сакаат, се обидуваат и планираат иновации.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески рече дека претприемништвото е потенцијалот и ’рбетен столб за динамичните економии и дека преку 85 отсто од новите работни места во Европа денес се креираат преку малите и средните претпријатија. Посочи три апсекти на претприемништвото – се креираат нови бизниси (како на пример ИТ-секторот), се креира ново богатство и се креираат промени во сицијалното живеење.
Ставрески рече дека Македонија во изминатите години добро се справила со предизвиците и има остварено стапки на раст кои се меѓу највисоките во Европа.
– И во 2015 година стапката на раст на македонската економија ќе биде околу 3,5 проценти, што е меѓу 5-6 највисоки стапки на раст во Европа. Секоја година во континуитет го остваруваме тоа, што покажува дека нешто правилно работиме и дека правилно се поставени економските политики, истакна Ставрески.
На трибината учествуваше и Антонио Тајани, прв потпретседател на Европскиот парламент и потпретседател на Европската народна партија, кој рече дека економски Македонија е на вистинскиот пат.
– Макроекономските трендови се позитивни, растот на БДП е стабилен и порасна по жител во изминатите години, а позитивната макроекономска околина е поддржана со сеопфатна монетарна политика и добри услови за влезови на пазарите. Сметам дека ситуацијата денес е многу подобра во споредба со претходните години. Оваа стабилност и овозможува на земјата да има добра економија, невработенста опадна во изминатите години, но се уште е многу висока и достигнува 28 проценти. За жал, тоа е така, но Македонија работи на намалување на невработеноста и на вработилвоста на младите луѓе, рече Тајани на трибината организирана од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер