| четврток, 6 декември 2018 |

Фабриката за вода во Велес доби нова опрема за автоматско хлорирање

velesВо фабриката за вода на ЈКП „Дервен“ во Велес денеска почна да функционира новата софистицирана опрема за автоматско хлорирање на водата. Новата опрема во употреба ја пуштија директорот на ЈКП „Дервен“ Фиданчо Цековски и градоначалникот Славчо Чадиев. За оваа намена, информираше директорот Фиданчо Цековски  ЈКП „Дервен“ од сопствени средства има издвоено 60 илјади евра.

– Новата опрема за автоматско хлорирање на водата во градскиот водовод на Велес и околните населени места  е согласност и ги следи најновите светски стандарди за безбедност на водата за пиење, потенцира Цековски.

Инаку, фабриката за вода за разлика од порано, во последниве десетина години, а  со изградбата на ХС „Лисиче“ се снабдува со квалитетна и здрава вода за пиење која потоа се преработува и хлорира и безбедно испраќа во домовите не велешани и жителите на околните населени места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top