Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес оствари средба со потпретседателот на Европскиот парламент и потпретседател на Европската Народна Партија Антонио Тајани. Двајцата соговорници, информираат од владејачката партија, дискутирале за исполнување на стратешките цели во насокa на исполнување на евроатланските интегративни процеси, актуелната политичка состојба и разгледување на можностите за интензивирана соработка.
-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ подвлече дека стратешка цел и врвен приоритет останува членството во Европската Унија и членството во НАТО. Груевски го запозна соговорникот со актуелната политичка состојба при што истакна дека изборите на 24 април се потребни за излез од политичката криза, а воедно од врвен приоритет за ВМРО-ДПМНЕ е тие да се фер и демократски. Тој истакна дека воспоставувањето на стабилна влада е потребна за продолжување на мерките и аткивностите кои се во насока на гарантирање на економскиот развој и подобар животен стандард. Потретседателот на Европскиот парламент и потпретседател на Европската Народна Партија Антонио Тајани изрази поддршка на интеграциските процеси на државата, и членството на Македонија во Европската Унијa, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој изрази уверување за побрзо надминување на политичката криза преку реализација на избори во што е можно покус рок и добивање на стабилна влада која ќе продолжи со отпочнатите процеси, и соочи со глобалните предизвици поврзани со мигрантската криза. Соговорниците изразија заложба за продолжување на соработката и во рамките на Европската Народна Партија која ја подржува ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер