Британскиот весник „Индепендент“ престанува да излегува во печатено издание од 26 март и ќе постои само во електронска верзија, пренесува БТА, цитирајќи го сопственикот Евгениј Лебдев.
Весникот беше основан од група новинари во 1986 година. Одреден период имаше дневен тираж од 400.000 примероци, а денес само 40.000.
Затворањето на печатено издание на весникот е една од најголемите промени во светот на печатените медиуми во Велика Британија предизвикана од интернет.
– Индустријата на печатените изданија трпи и оваа промена беше предизвикана од самите читатели, кои ни покажаа дека иднината е во дигиталната технологија и во електронските изданија – изјави Лебедев.
-Нашата одлука ќе го зачува името „Индепендент“ и ќе ни овозможи да инвестираме во авторски содржини со висока вредност, што ќе ни привлекува се повеќе и повеќе читатели на нашата страница на интернет – додаде Лебедев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.