| четврток, 6 декември 2018 |

Се урна зграда во центарот на Истанбул

Петкатна зграда се урна денеска во центарот на Истанбул од засега непознати причини, јави турската телевизиjа НТВ.

Demonstrations in Turkey continue

Според првичните информции, при уривањето на зградата нема загинати или повредени лица.

Инцидентот се случил во наслебата Бејоглу во близина на булеварот Истиклал.

Според телевизијата, зградата била празна, бидејќи не била во употреба веќе извесен период.

На местото на инцидентот пристигнале полициски и противпожарни екипи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top