| четврток, 6 декември 2018 |

ФЗОМ: Граѓаните да си ги подигнат електронските здравствени картички

Фондот за здравствено осигурување на Македонија соопшти дека по три недели од изработката и дистрибуцијата на електронските здравствени картички (ЕЗК) во подрачните служби, досега се подигнати 33.154 електронски здравствени картички од вкупно изработени 106.541 за лицата кои имаа поднесено барање и уплатено, а ги немаа добиено картичките.

zdravstvenite-knishkiupati-i-recepti-odat-vo-zaborav-194870

Од ФЗОМ ги повикуваат граѓаните да си ги подигнат картичките во подрачните служби, при што можат веднаш да направат и нивното активирање или тоа да го направат кај својот матичен лекар. При првата употреба на електронската здравствена картичка кај матичниот лекар осигуреникот внесува пин за понатамошно користење и нејзина заштита.

Подигнувањето на ЕЗК се врши на шалтерите во подрачната служба на ФЗОМ. Сите потребни информации за електронските здравствени картички граѓаните може да ги добијат во подрачните служби на Фондот или на бесплатниот телефонски број 080033222 од 8:30 – 16:30 часот секој работен ден. Дополнително може да се информираат и на маил адресите info@fzo.org.mk, helpdesk@fzo.org.mk и на веб страницата на Фондот, во делот мое осигурување https://moeosiguruvanje.fzo.org

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top