Алжирецот Ријад Махрез е вистинско откритие оваа сезона во Премиер – лигата, и со своите одлични игри, заедно со Варди и останатите соиграчи, го води Лестер кон шампионската титула. 24-годишниот крилен напаѓач веќе има понуди од големите европски клубови, а за него се заинтересира и каталонскиот гигант Барселона. А тој не ја отфрла можноста да се пресели и на „Камп Ноу“, истакнувајќи дека сака да игра во ист тим со Лионел Меси.
– Еден ден, можеби, зошто да не?! Сите сакаат да играат со Лионел Меси. Но, сега сум посветен максимално на Лестер и на борбата за шампионската титула. Свесни сме дека можеме да направиме голема работа оваа сезона – изјави Махрез.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Го прогласија за мртов, тој преку „Твитер“ демантираше
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени