| четврток, 6 декември 2018 |

Де­сет мод­ни трен­до­ви што ќе до­ми­ни­ра­ат во 2016 го­ди­на

Пан­та­ло­ни, сви­ле­ни јак­ни, сан­да­ли-влеч­ки се но­ви­те мод­ни трен­до­ви што ве­ту­ва­ат де­ка и оваа го­ди­на ќе се за­ба­ву­ва­ме со трен­до­ви­те и со сти­ло­ви­те

 

Иа­ко сме на по­че­то­кот на но­ва­та го­ди­на и ве­ќе след­на­та не­де­ла си­гур­но ќе се по­ја­ви не­кој нов тренд, се­пак за 2016 го­ди­на ги од­брав­ме овие де­сет глав­ни трен­до­ви.

Сан­да­ли-влеч­ки од ко­жа од пи­тон и сви­ле­на јак­на се нај­и­стак­на­ти­те пар­чи­ња за 2016 го­ди­на во ко­и вре­ди да се ин­ве­сти­ра.

Пан­та­ло­ни до под ко­ле­на

files

Ко­га ве­ли­ме пан­та­ло­ни до под ко­ле­на не мис­ли­ме на пан­та­ло­ни га­у­чо, кои беа акту­ел­ни пред по­ве­ќе од 10 го­ди­ни. Ста­ну­ва збор за со­фи­сти­ци­ра­ни пан­та­ло­ни што ги има­ше на си­те мод­ни ре­вии, а се­га се мно­гу акту­ел­ни. Овие пан­та­ло­ни мо­же да ги но­си­те во днев­на или ве­чер­на ва­ри­јан­та, а нај­до­бро се ком­би­ни­ра­ат со ви­со­ки пот­пе­ти­ци, аси­ме­три­чен елек или со са­лон­ки со шпиц.

Го­ли ра­ме­на

files (1)

Овој мо­дел на блу­зи ги освои свет­ски­те пи­сти. Блу­зи­те и фу­ста­ни­те со откри­е­ни, го­ли ра­ме­на ќе се за­др­жат по­дол­го вре­ме. Нај­до­бро е да ин­ве­сти­ра­те во еден до­бар мо­дел, во не­у­трал­на бо­ја или не­кој мо­дел со впе­чат­лив де­зен, за да мо­же да го но­си­те се­којд­нев­но. Со овој мо­дел при­ле­га впе­чат­лив ѓер­дан, ефе­ктив­ни и го­ле­ми ал­ки, кои на це­ли­от изг­лед ќе му да­дат до­за на еле­ган­ци­ја.

Комп­лет во ед­на бо­ја

files (2)

За­бо­ра­ве­те сѐ што сте чи­та­ле и чу­ле за но­се­ње на ед­на бо­ја и пре­пу­ште­те му се на но­ви­от тренд. Од пал­та и ком­би­ни­зо­ни, до пан­та­ло­ни и еле­ци во ед­на иста бо­ја, се­то тоа пак се но­си. Пар­чи­ња­та об­ле­ка во иста бо­ја е нај­до­бро да ги ком­би­ни­ра­те со ба­ле­тан­ки од зми­ска ко­жа или ман­тил и пот­пе­ти­ци во бо­ја на ко­жа, кои ви­зу­ел­но ќе ја из­дол­жат ва­ша­та но­га и ќе ви да­дат са­мо­до­вер­ба што ви е по­треб­на во те­кот на де­нот.

Сви­ле­на јак­на

files (3)

Сви­ле­ни­те јак­ни ни­ко­гаш не би­ле тол­ку до­бро ди­зај­ни­ра­ни ка­ко оваа се­зо­на, ко­га до­а­ѓа­ат во не­о­бич­ни бои и во сви­лен ма­те­ри­јал. Без раз­ли­ка да­ли ста­ну­ва збор за по­го­ле­ми бро­е­ви или за јак­ни што се не­о­бич­но из­ве­зе­ни, тие се ком­би­ни­ра­ат со фар­мер­ки, чиз­ми и ма­ла чан­та. Исто та­ка, впе­чат­лив изг­лед се по­стиг­ну­ва и ако оваа јак­на се ком­би­ни­ра со секс-фу­стан или со па­ти­ки.

Долг елек

files (4)

Ман­ти­лот ка­ко кла­си­чен мо­дел мо­ра да го има­те во ва­ши­от ор­ман, но оваа го­ди­на трен­дот ве­ли де­ка еле­кот што по­тсе­ту­ва на ман­тил е акту­е­лен. Ова пар­че гар­де­ро­ба е со­вр­ше­на оп­ци­ја за об­ле­ку­ва­ње во сло­е­ви. Нај­до­бро се ком­би­ни­ра со па­ти­ки, ле­жер­на ту­ни­ка и очи­ла за сон­це.

Сан­да­ли-влеч­ки

files (5)

Ова не се сан­да­ли­те на ва­ша­та ба­ба. Овие сан­да­ли оваа се­зо­на ќе ги има во по­ве­ќе ва­ри­јан­ти, рам­ни или на ви­со­ки пот­пе­ти­ци. Нај­до­бро се ком­би­ни­ра­ат со иски­на­ти фар­мер­ки, ко­же­на јак­на или очи­ла за сон­це. Исто та­ка, здол­ни­ште во А-крој и пал­то со не­о­би­чен де­зен од­лич­но ќе изг­ле­да­ат со овие сан­да­ли-влеч­ки.

Впе­чат­ли­ви ли­нии

files (6)

Не пла­ше­те се да но­си­те об­ле­ка во ли­нии што „бо­дат очи“, без раз­ли­ка да­ли ста­ну­ва збор за сил­на бо­ја или не­кој спе­ци­фи­чен мо­дел, важ­но е се­ко­гаш да се фо­ку­си­ра­те на ос­но­ви­те пар­чи­ња, кои ќе ви по­мог­нат во сти­ли­зи­ра­ње на це­ли­от изг­лед.

Ком­би­не­зон-фу­стан

files (7)

Овие фу­ста­ни ги има на­се­ка­де, од ко­лек­ци­и­те на Кел­вин Клајн до свет­ски­те ѕвез­ди ка­ко Ри­ја­на или Џе­ни­фер Ло­ренс. На прв пог­лед овој фу­стан по­тсе­ту­ва на нег­ли­же и мо­же да изг­ле­да прем­но­гу се­кса­пил­но, по­себ­но ако ста­ну­ва збор за те­сен мо­дел. Се­ко­гаш мо­же да се опре­де­ли­те за А-крој, кој е мно­гу по­пу­ла­рен. Нај­до­бро се ком­би­ни­ра со го­ле­ми џем­пе­ри и сан­да­ли. Це­ли­от изг­лед мо­же да го за­о­кру­жи­те со ко­же­на јак­на.

Чан­та

files (8)

Оваа го­ди­на чан­ти­те ќе би­дат во фо­кус, без раз­ли­ка да­ли се го­ле­ми или ма­ли, пис­мо-чан­та.

Тес­но здол­ни­ште

files (9)

Дол­го здол­ни­ште бе­ше во тренд не­кол­ку се­зо­ни, а се­га е вре­ме да се по­ка­же мал­ку ко­жа. Оваа се­зо­на се но­си тес­но здол­ни­ште со па­тен­ти, коп­чи­ња и со ко­жа. Се ком­би­ни­ра со аси­ме­три­чен елек и со блу­за со не­о­би­чен крој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top