| четврток, 6 декември 2018 |

Колкава болка може да поднесе човечкиот организам?

На најосновно ниво, прагот на болка е точката во која почнуваме да чувствуваме болка од некој надворешен стимул, било тоа да е некаков притисок, температура или слично. Прагот на болката е различен кај секој од нас, и научниците со години се обидуваат да утврдат дали тоа потекнува од психички, физички или генетски причини, бидејќи е особено тешко да се класифицира и измери болката.

За таа цел, научниците од Универзитетот Кордел, во 1940-тите години, направиле експеримент во кој ги гореле учесниците по челото во период од 3 секунди. Врз основа на латинскиот збор за болка (dolor), тие создале мерна единица за болката – дол – и скала од 0 до 10,5. Над 8 биле класифицирани изгорениците од втор степен, а болката која достигнувала над 11 на оваа скала била класифицирана како неподнослива за да се измери, дури и за истражувачки цели.

Оваа скала и овие мерни единици не се прифатени во научната заедница (од очигледни причини) и иако има огромни дебати на таа тема, всушност не постои универзална објективна скала на прагот на болка. И физички и психички и генетски фактори влијаат на перцепцијата на болката, правејќи ги прецизните пресметки и споредби речиси невозможни.

На пример, доколку како дете сте биле заштитени од секоја можна опасност која би можела да ви предизвика болка (како на пример некој вид на спорт, возење велосипед, качување по дрвја и сл.), тогаш најверојатно вашиот праг на болка е многу мал, бидејќи не сте навикнати да чувствувате болка па и физички и психички имате помала толеранција на истата. Од друга страна пак, некое немирно дете кое постојано паѓало, се тепало и сл. најверојатно развило повисок праг на толеранција бидејќи често чувствувало некаков вид на болка.

Така, докторите користат скала за да ја измерат болката, но врз основа на толкувањето на пациентот и тоа до 3 – блага болка, 4-5 непријатна умерена болка, 6-7 вознемирувачка сериозна болка, 8-9 интензивна многу сериозна болка и 10 -неподнослива болка.

Луѓето, исто така, психолошки различно ја толерираат болката. Некои се сносуваат со неа во тишина и стоицизам, а тоа најчесто се оние кои патат од хронични болести или повреди, додека други веднаш се жалат и пијат апчиња кога ќе почувствуваат и најмала болка.

Постојат истражувања кои ја покажуваат психолошката природа на болката, односно покажуваат дека ако се фокусираме на пријатни мисли или пак на мисли кои ни предизвикуваат задоволство (како на пр. некои сексуални фантазии), буквално ја отапуваме нашата чувствителност на болка.

Ова не води кон последниот аспект на мерење на болката – генетиката. Постои ензим (COMT) кој е способен да го метаболизира и разложува допаминот – невротрансмитерот во мозокот кој ги пренесува информациите (и болката) низ централниот нервен систем. Ако овој ензим е многу активен во природната хемија кај еден човек, тогаш допаминот е помалку застапен и природниот систем против болка во телото (ендорфините) се поефикасни, а тоа значи дека тоа лице има повисок праг на толеранција на болката.

Значи, постојат многу фактори кои влијаат на прагот на толеранција и не постои крајна граница на болката која луѓето може да ја почувствуваат или издржат. Најдобрата претпоставка на истражувачите е дека границата се наоѓа некаде над 11 (тоа отприлика би дошло некаде помеѓу породување и горење на лицето со гасна ламба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top