| четврток, 6 декември 2018 |

Ја разгневи јавноста: пораката на Мелани Грифит до сите жени

Пред неколку дена на премиерата на филмот „Како да бидеш слободен 2“ на нејзината ќерка , Мелани на сите жени им даде многу неочекуван совет.

melani-grifit-1455014712-79910

Грифит (58) на прашањето како за жените е најдобро да бидат сами одговорила:„Немојте никогаш да се мажите!“

-Нема потреба од тоа- објаснила актерката, која на премиерата била во друштво на ќерката и на поранешниот сопруг Дон Џонсон.

Грифит, која четири пати се мажеше (двапати за Џонсон), исто така, изјавила и дека никогаш не би чекорела до олтар.

– Денес  не мора да се мажите за да имате  деца –   појаснила ѕвездата. „Во денешното време ја нема веќе таа стигма околу децата и бракот, или ќе поминете низ сите тие глупости околу предбрачниот договор или ќе посакате да се разведете, а нема да имате предбрачен договор, па ќе се жалите зошто не сте го имале. Зошто, едноставно, да не уживате во таа личност, добро се забавувате и правите што ви е ќеф. Можете да живеете заедно или, пак, не, но јас мислам дека бракот е изживеана работа – тврди таа.

melani-grifit-i-antonio-banderas-1455014804-79912

Мелани Грифит минатата година официјално се разведе од актерот Антонио Бандерас. Двојката се раздели во 2014 година по 18 години брак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top