| четврток, 6 декември 2018 |

Војна од големи размери – Саудиска Арабија праќа копнени сили во Сирија

сирија

Саудиска Арабија потврдила дека ќе прати копнени сили во Сирија за да се приклучат во борбата против Исламската држава.

По неколку неделно полемизирање дали тоа навистина ќе се случи, информацијата и официјално била потврдена во саудиските медиуми, пренесува Independent.

Таа копнена операција веројатно ќе го налути сирискиот претседател Башар Ал Асад, како и владите во Русија и Иран, кои влегувањето на трупите го гледаат како обид да се забави напредувањето на тамошната влада против бунтовниците.

Генералот Ахмед ал Асири рекол дека “Ријад е подготвен” и дека ќе се бори покрај коалицијата која ја предводи САД. Сепак, рекол дека на прашањата за деталите на воената операција ќе одговори Вашингтон.

Исто така се обратил и до Иран велејќи дека доколку Техеран е сериозен во борбата против ИСИС, тогаш ќе мора престане да го поддржува тероризмот во Сирија и Јемен.

Од Саудиска Арабија веќе пристигнале закани дека ќе го отстранат Асад од власт и тоа на сила, доколку не се откаже од функцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top