| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Ако Црвенковски не оди на локални избори, остава простор за нова партија

Премиерот Никола Груевски смета дека со бојкотот на СДСМ на локалните избори, Бранко Црвенковски ќе остави простор за појава на нова политичка партија. Премиерот ова го изјави во емисијата Миленко Неделковски шоу

getImageThumbnail.axdСпоред Груевски, Црвенковски знае дека ќе ги изгуби следните локални избори. Прави се што може за да не се појави на нив, за да не дојде до тоа да ја изгуби челната позиција во СДСМ.

На прашањето зошто ВМРО ДПМНЕ не се согласи на предвремени парламентарни избори, ако смета дека ќе ги добие, со што Црвенковски ќе се делегитимира како претседател на СДСМ, Груевски одговори дека тој во своите одлуки не се води од тоа што се случува во СДСМ. Ние не можеме да ја гледаме политиката во односот ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, ние работиме за доброто на граѓаните, рече Груевски.

– Ние 6 години сме на власт и на 6 избори по ред граѓаните нас ни ја даваат довербата. Политиките на Црвенковски во моментов не се прифатливи за граѓаните, туку тие ги избраа нашите политики многу пати по ред, рече Груевски.

Одлуката на Црвенковски да не оди на локални избори ќе биде штетна за неговата партија, смета Груевски.

-Ако Црвенковски не оди на избори, освен што нема учество во централната власт, нема да има ниту во локалната. Тоа е давање простор на друга партија да се појави на избори, тоа е нивна проценка. Јас таму не можам ништо, рече премиерот.

Груевски изјави дека не ја затвара можноста од лидерска средба на која ќе се даде шанса за решавање на моменталната ситуација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top