Никој не очекуваше дека некој би можел да и упати вакви зборови на Јелена.
Сопругата на Новак Ѓоковиќ е позната по здравиот начин ан исхрана кој го води, а своите рецепти и идеи често ги дели преку социјалната мрежа Инстаграм.
Така беше и утрово кога на следбениците на социјалните мрежи им посака добро утро со фотографијата од здрав појадок и покрај списокот на потребните состојки напишала :„Појадок за двајца“.
Меѓутоа, некои од следбениците на социјалните мрежи и пререкоа зошто објавата не ја напишала на српски јазик , туку само на англиски јазик, коментирајќи дека „славата и удрила во главата“. Другите пак ја бранеа , појаснувајќи дека Новак и Јелена се личности кои ги следат луѓето од целиот свет, а не само до Србија.
И на Твитер веќе се појавија коментари на оние кои застанаа во одбрана на Јелена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.