| четврток, 6 декември 2018 |

Институт за јавно здравје: Расте бројот на болни од грип

Расте бројот на заболени од грип, а во лабораторијата на Институтот за јавно здравје, примероците од тројца пациенти биле позитивни на АХ1Н1.

За една недела Институтот регистрирал над 3.000 заболени што е двојно повеќе од истиот период минатата година. Голем број од нив се ученици и деца од градинки. Засега нема пријавено поголеми отсуства од училиштата. Дека грипот зема замав потврдуваат и матичните лекари. Деновиве бележат голем број на пациенти со бронхопневмонии и висока температура. Епидемилозите велат дека грипот зема замав. Комисијата за заразни болести ја следи состојбата и доколку има потреба ќе препорачаат дополнителни мерки за превенција.
-Сега засега не се предвидени некои посебни мерки за заштита, знаеме дека ова е респираторно заболување и како се пренесува и затоа се оние општите мерки на самозаштита, ако ја тргнеме на страна вакцинацијата која во најголем дел заврши, вели д-р Гордана Кузмановска од ИЈЗ.
Од октомври кога почна сезоната на грип, досега се пријавени 8 000 случаи. Над 1700 од нив се деца до 14 годишна возраст. Прилеп и Струмица пријавиле најмногу грипозни. Берово и Валандово се градовите каде нема ниту еден заболен.
Активноста на вирусот е зголемена и во европскиот регион. Доминира АХ1Н1 од кој се пријавени зголемен број на случаи со тешка респираторна инфекција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top