| четврток, 6 декември 2018 |

Силна експлозија во Тексас – најмалку пет загинати, стотици повредени и урнати објекти

Најмалку пет луѓе загинале, а стотина се повредени во голема експлозија во фабрика за азот во Тексас, јавија американските медиуми. Се стравува дека бројот на загинати ќе биде многу поголем.

Од експлозијата се уништени многу згради вклучувајќи и училиште и дом за стари лица.

teksas eksplozija 2

 Експлозијата се случила во гратчето Вест, стотина километри јужно од Далас. Причините за инцидентот сѐ уште не се познати.

Според локалната телевизија КХХВ, постојат стравувања дека има 70 настрадани во експлозијата, меѓу кои и пет пожарникари и еден полицаец.

Портпаролот на одделението за јавна безбедност во Тексас, Ди Ел Вилсон, за „Ројтерс“ изјавил дека веројатно станува збор за стотина повредени и за уништени голем број куќи. Според него, од домот за стари лица биле евакуирани 150 луѓе, но под урнатините и натаму има луѓе што не успеале да излезат навреме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top