„Кралот на Инстаграм“ Дан Билзериан се прослави со објавување на фотографии од неговиот неконвенционален стил на животот на социјалните мрежи, но неговата последна фотографија успеа да ги шокира неговите следбеници на социјалната мрежа.
Билзериан објавил фотографија на која околу него лежат голи жени, а тој едвај и да се гледа од нив. Малку ги цензурирал деловите од телото кои не смеат да се видат поради правилата на Инстаграм, а до фотографијата напишал:„Состанок“.
Дан (34) стана најпознатото лице на Инстаграм откако почна да се фали со фотографиите од неговиот несекојдневен живот, а некои од неговите фотографии предизвикаа и гнев кај јавноста.
Како на пример онаа со многу оружје до која напишал:„Донесов некој нови таленти во канцеларија“.
Билзареиан себе се нарекува Плејбој на Инстаграмот, а до сега има 15,7 милиони следбеници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.