Не е лесно во утринските часови да изгледате свежо – често се појавуваат темни кругови околу очите, сува кожаили мрсна коса. Сите овие знаци укажуваат на тоа дека ви недостасува сон, а еве како да постигнете поубав изглед секое утро!
Ладна вода
Одличен начин да се разбудите е едно брзо миење со ладна вода. Ладната вода ќе ги намали крвните садови, што ќе ја направи вашата кожа мазна. Наутро нанесете и хидратантна крема која ќе ви помогне против сушење на кожата. Ако кремот не функционира, пробајте со мешавина од мед и коцки мраз.
Ах, овие кеси под очите!
Ако наутро имате подуени очи, користете крема за очи која има пептиди. Во текот на ноќта оставете ја во фрижидер, а во утринските часови нанесете ја околу очите. За темните кругови, за жал, не пости совршено решение. Секогаш можете да нанесете коректор или пудра. Постои уште еден добар трик: навиткајте ги трепките и нагласете ги очите со добра маскара – тоа ќе ги отвори вашите очи и ќе го одвлече вниманието од темните кругови.
Малку боја
Кожата во утринските часови може да изгледа бледа, а најдобар лек за ова е боја. Изберете руменило со боја на праска, и плус може да помогне малку сјај.
Утринска фризура
Ако не сте стигнале да ја измиете мрсната коса, ставете врз неа малку пудра за бебе – тоа ќе ја исуши. Ако имате сува коса, важно е да ја нахраните со посебен регенератор или да ставите малку серум за сува коса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.