| четврток, 6 декември 2018 |

ОАЕ добија министерки за среќа, толеранција и младина

оае

Обединетите Арапски Емирати – земја богата со нафта во Персискиот Залив, која обединува седум емиратства, од денеска има министерка за среќа, министерка за толеранцијата и министерка за млади, која има само 22 години.

Функцијата државен министер за среќата ќе ја извршува Ухуд ал Руми, која досега беше директор на канцеларијата на Министерскиот совет.

За министер за толерантност е именува Лубна ал Касим, која е поранешен министер за меѓународна соработка и развој.

Државна министерка за млади ќе биде Семаја ал Мазруи, штотуку дипломирана на западен универзитет и која има само 22 години.

Вкупно осум нови министри влегуваат во владата, од кои пет се жени. Просечната возраст на сите 29 министри во новата влада на ОАЕ е 38 години.

По повод формирањето на функцијата државен министер за среќа, премиерот на ОАЕ Мохамед бин Рашид ал Мактум, кој е и суверен на емиратството Дубаи, напиша на Твитер: -Среќата не е само желба која си ја упатуваме во нашата земја. Кај нас за постигнување на среќата ќе има планови, проекти, програми и индикатори. Сето ова ќе биде дел од работата на сите наши министерства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top