Откако неодамна Јелена Беба Балашевиќ, ќерка на Ѓорѓе Балашевиќ, откри дека две години била во врска со насилник, сега, проговори и за своето друго непријатно животно искуство, тешката сообраќајка пред многу години во која и била повредена кичмата. За ова, како и воопшто за своите чувства и непријатности кои ги доживувала поради своето поинакво чекорење откако повторно проодела, таа пишува во книгата што ја најави на својот Фејсбук профил.
Во 1999. година, ќерката на Ѓорѓе Балашевиќ, Јелена Беба Балашевиќ доживеала тешка сообраќајна несреќа.
-Пред 17 години, во ова време, бев на одделението за интензивна нега во Нови Сад. Вратниот р`бет ми беше повреден во сообраќајна несреќа и лежев неподвижна, без да го чувствувам телото. Со оваа приказна не се обидувам да привлечам внимание. Доволно ми е тоа што секој ден откако проодев, со своето поинакво чекорење привлекував погледи кои, признавам, ме погодуваа. Од тогаш поминаа толку мисли, и радости, и бес, комплекси, заклучоци, кошмари, но пред се, преубави денови кои потсетуваат колку е драгоцен животот. За сите нас кои се бориме, кои сме си некогаш себеси тешки, кои не знаеме зошто нешто се случило и се тешиме дека така морало да биде, одлучив да ја споделам својата приказна во книга- порача Беба на социјалните мрежи.
На прашањето дали пишува книга за незгодата што ја доживеала, Беба одговара дека пишува книга за среќата, а дека ова непријатно искуство е само заплетот на книгата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.