| четврток, 6 декември 2018 |

Исечени багремите на Ѓорѓе Балашевиќ

Во Нови Сад се исечени дрвата кои познатиот пејач Ѓорѓе Балашевиќ ги засадил на улицата „Иса Бајиќ“ како подарок за неговата сопруга Оливера.

balas500

Неговата ќерка Беба вели дека покрај дрвјата секогаш седеле како семејство.

– Кога поради „уредување“ ги исекоа претходните стебла, долго никој не се појави да засади нови. Џоле тоа го направи – напиша неговата ќерка на социјалните мрежи.

beba2

Таа додава дека во Нови Сад годишно доаѓаат илјадници обожаватели на пејачот кои покрај нивната куќа, посетуваат и места кои се поврзани со нив.

Неговата ќерка вели дека за овие дрва знаеле сите кои ги сакаат песните на нејзиниот татко.

beba1

На двете дрва имало мали изгравирани плочки, секоја година нова плочка се додавала со некој специјален датум, кои исто така мистериозно исчезнувале.

-Со оправдување дека ќе се „крене бекатон“ или нешто слично и овие две дрва исчезнаа засекогаш – пишува Беба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top