| четврток, 6 декември 2018 |

Љубовна честитка од Македонскaта филхармонија

 

Продолжувајќи ја традицијата востановена пред неколку години,  Македонската филхармонија во петок,  на 12 Февруари во Домот на АРМ ќе одржи незаборавен концерт посветен на Денот на вљубените.

Инспириранa од љубовната тематика во класичната музичка литература, програмата на концертот содржи интересен сплет на композиции од Равел, Чајковски, Гершвин и Кол Портер.

За прв пат во Македонија ќе прозвучи љубовната приказна за Шехерезада од Морис Равел за сопран и оркестар во интерпретација на извонредната вокална солистка Голда Шулц, а под диригентската палка на Кејс Скалионе од САД оркеестарот ќе ги изведе и симфониските слики од американската љубовна опера „Порги и Бес“, Увертирата- фантазија од „Ромео и Јулија“ од Чајковски како и неколку џез-стандарди кои досега доживеаа милионски изведби и преработки – прекрасната „Summertime“ и „Someone to Watch Over Me“ од Гершвин и „Everytime We Say Goodbye“ од Портер.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top