| четврток, 6 декември 2018 |

Лавров: НАТО не може да постои без митот за „руска закана“

Постоењето на митот за „руска закана“ е неопходно за да се оправда постоењето на НАТО. Тоа го тврди министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров во интервју за „Московскиј комсомолец“.

lavrov-kym-turciq-rusiq-ne-zabravq-355192

– НАТО е одговорен за својата зона и како што е запишано во Вашингтонскиот договор, обезбедува колективна одбрана од напад. Ако си стоите на своите граници никој нема да ве задева. Тоа очигледно им се гледа малку и веќе се губи смислата за постоење на военополитички блок, наведува Лавров.

Според него, обидите на Алијансата да најде смисла за постоењето се без успех.

– Операцијата во Авганистан не помогна во тоа барање. Таа пропадна и денес ситуацијата во таа држава се влошува. Тероризмот расте и десет пати е поголем шверцот на дрога, наведува Лавров.

Во врска со последните случувања во Крим и Сирија сега експресно се експлоатира т.н. руска закана за да се објасни понатамошното постоење на НАТО, нагласува шефот на руската дипломатија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top