Граничниот премин Меџитлија денеска повторно ќе биде затворен за сообраќај поради штрајк на грчките земјоделци.
Автомотосојузот на Македонија информира дека сообраќајот на овој граничен премин ќе биде во прекин од 13 до 23 часот.
Според информација добиена од МВР, денеска, во целосен прекин ќе биде сообраќајот при влез и излез од Р. Грција на ГП ,,Ники“, поради штрајк на грчките земјоделци (фармери).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.