| четврток, 6 декември 2018 |

Врачување на годишните награди на ДПМ

Наградите на ДПМ за најдобри книжевни остварувања во 2015 година ќе бидат врачени в петок (12 февруари) во 12 часот на свечениот собир посветен на 69 – годишнината од формирањето на македонската писателска асоцијација.

Наградата „Стале Попов“ за најдобра прозна книга ќе ѝ биде врачена на Оливера Николова за збирката новели „Кадифената покривка“, а Славе Ѓорѓо Димоски ќе ја прими наградата „Ацо Шопов“ за најдобра поетска книга, за стихозбирката „Јазичен триптихон“. Наградата „Димитар Митрев“ за најдобра книга со литературна критика и есеј ќе ѝ биде врачена на универзитетската професорка и книжевна критичарка Весна Мојсова-Чепишевска за книгата „Семеен албум“. Книгата „Златко-Златец“ од Велко Неделковски е наградена со наградата „Ванчо Николески“ што се доделува за најдобра книга за деца, а наградата „Книжевен мост“, за најдобра книга напишана на еден од јазиците на националностите во Република Македонија, му припадна на поетот од турска националност Јусуф Едип за стихозбирката „Прашинка“, објавена на турски и на македонски јазик.

На свечениот собир во ДПМ образложенија за наградените книги ќе поднесат претседателите на петте жири-комисии: Јелена Лужина, Милан Ѓурчинов, Маја Јакимовска Тошиќ, Мито Спасевски и Бранко Цветкоски. Наградите ќе ги врачи претседателот на ДПМ  Веле Смилевски, а програмата ќе ја води Александра Велинова.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top