Турскиот премиер Ахмет Давутоглу рекол дека Анкара ќе го плати својот историски долг на „браќата од Алепо“ кои помогнале во одбрана на Турција на почетокот на 20 век.
Тој го изјавил ова неколку дена откако Москва предупреди на намерите на турските власти да извршат инвазија на Сирија во моменти кога опозициските сили се пред пораз.
- Ние ќе го вратиме својот историски долг. Во еден момент, нашите браќа од Алепо ги одбранија нашите градови Санлиурфу, Гацијантеп, Кахраманмарас… Сега ние ќе го одбраниме херојскиот град Алепо, цела Турција ќе застане зад своите браќа, рекол Давутоглу.
Претседателот на владата на Турција потсетил на случувањата од Првата светска војна и на случувањата од турската војна за независност.
- Сепак, тој пропушти да спомене дека Турција влезе во та војна поради империјалистичките намери на Отоманската империја. Турција почна конфликт со напад на руското пристаниште Одеса. Во трите града кои ги спомна Давутоглу се случија убиства на илјада Ерменци и други малцинства, оценува Раша Тудеј.
Портпаролот на руското министерство за одбрана Игор Конашенков претходно предупреди дека Москва има сознанија дека Анкара подготвува инвазија на Сирија и дека е подготвена на илегална акција на својата граница со Сирија.Градот Алепо е под големи напади на руските бомбардери кои придружуваат копнени акции на силите лојални на претседателот на Сирија Башар ал Асад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.