| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска дожд, утре ветер до 80 км/ч

poroen-dozd1-540x272Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, особено попладне. Врнежите ќе бидат позастапени во западните делови, каде што на планините кон крајот на денот ќе преминат во снег, информираат од УХМР.

На места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и ретки грмежи. Во крајните западни делови се очекува да наврнат и повеќе од 20 л/м2. Утре ќе дува засилен ветер од јужен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и од 80 км/час.

Утринската температура ќе се движи од нула до осум, а дневната од 10 до 16 степени.

Во Скопје  времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен повремено силен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до 12 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд и со умерен јужен ветер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top