| четврток, 6 декември 2018 |

Сандерс ја прегази Клинтон, Трамп убедлив во Њу Хемпшир

tramp sanders

Демократот Берни Сандерс и републиканецот Доналд Трамп победија на партиските избори во американската држава Њу Хемпшир во трката за претседателски кандидат. Сандерс (74) освои 59 проценти од гласовите пред Хилари Клинтон која доби 39 проценти од гласовите во оваа држава.

  • Народот сака вистински промени во САД, рече Сандерс по објавените резултати и додаде дека Клинтон „љубезно“ му ја честитала победата.

Милијардерот Трамн доби 34 проценти од гласовите а изненадување претставува гувернерот на Охајо Џон Касич кој со 16 проценти го освои второто место после Тед Круз и Марк Руби.
По прогласувањето на победата Трамп рече дека на Америка ќе и ја врати големината.

Следните партиски избори ќе бидат одржани на крај на февруари во Невада и Јужна Каролина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top