Сменетата структура на извозот ќе го намали трговскиот дефицит. Ова се очекувањата на Владата откако статистиката објави дека за првпат од осамостојувањето на македонската економија се зголемува учеството на готови производи во извозот на сметка на поветини полупроизводи. Двете најголеми извозни компании во Македонија, „Џонсон контролс„ и „Џонсон Мети“ извезуваат готови производи со додадена вредност од челичната и текстилната индустрија.
Освен „Џонсон контролс“, „Џонсон Мети“ и фабриките на „Кемет електорникс“ и „Технохозе“, кои веќе работат, во најава се уште неколку фирми од кои се очекува дополнително да го зголемат извозот на готови производи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.