| четврток, 6 декември 2018 |

Пораки кои ги испраќа телото: Кога ви се јадат слатки, ви недостига хром

диета

Секој од нас има афинитет кон одредена храна, но во извесни периоди некои продукти ни се јадат повеќе од вообичаено. Преку неоддоливата желба за нешто, всушност телото ни испраќа информација дека некој елемент му недостига

Кога ви се јадат слатки, ви недостига хром

Желбата за слатко укажува на пад на нивото на шеќер во крвта, а по консумацијата на слатки, шеќерот повторно расте и се ослободува инсулин. Меѓутоа, се работи за ненадејни осцилации во телото, бидејќи набрзо нивото повторно ќе падне и повторно ќе посакате да изедете нешто слатко. Значи, колку повеќе слатки јадете, телото ќе бара уште повеќе. За да го прекинете маѓепсаниот круг, експертите советуваат да земате хром, кој е важен за нормалното функционирање на инсулинот во телото и за нормален проток на шеќер во крвта.

Инаку, телото ќе има доволно хром ако вашата исхрана е богата со овошје, зеленчук, месо, риба и жито. Особено е корисно да јадете брокула, мешунки и да пиете сок од грозје бидејќи е богато со овој минерал.

Кога ви се јаде чоколадо, на телото му треба магнезиум

Експертите веруваат дека дури 80 отсто од луѓето имаат недостаток на магнезиум во телото, а тој е клучен за одржување на имунолошкиот систем и спречување на воспаленија. Исто така, тој игра важна улога и во балансирањето на нервниот систем, ублажување на нервозата и здравјето на коските. Продукти богати со магнезиум се темнозелен лиснат зеленчук, јаткасти плодови, риба, грав, жито, авокадо, јогурт, банани и темна чоколада.

Кога ви се јаде нешто солено, ви недостига натриум

Неописливата желба за солена храна и грицки, покажува дека на организмот му недостасува натриум кој е многу важен во одржување на нивото на вода во телото, а со тоа и на крвниот притисок. Но, место чипс, подобро е, на пример, да јадете целер, морков или солена риба.

Кога ви се јадат тестенини, ви треба триптофан

Тестенини, ориз, леб, компири, грав и слични продукти содржат триптофан – есенцијална аминокиселина која помага во регулацијата и производството на серотонин, познат како хормон на среќа. Недостигот од триптофан во телото води кон лошо расположение. Стручњаците советуваат тогаш да јадете мисирка, јајца, банани или ореви.

Кога ви се јаде месо, ви недостига железо

Недостатокот од црвено месо во исхраната може да доведе до недостаток на железо во крвта, кое е одговорно за транспорт на кислород во телото и има голема улога во поддршката на имунолошкиот систем. Ако им недостасува железо, луѓето стануваат многу изморени и не им помага ниту доволно спиење. Експертите напоменуваат дека црвеното месо би требало да биде на менито барем еднаш неделно, но железо можете да добиете и ако јадете жито, сардини, семки од тиква, брокула, спанаќ, грав итн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top