| четврток, 6 декември 2018 |

Обама доби писмо со смртоносен отров

121219_barack_obama_guns_reuters_328

Едно лице е уапсено денеска, по обидот да влезе во Конгресот со ранец во кој се наоѓале повеќе запечатени писма, а претходно е откриено дека во писмото што е упатено до претседателот Барак Обама се наоѓа „сомнителна супстанца“, јавуваат американските медиуми.
До секторот за прием на пошта на Белата куќа вчера пристигнало писмо со сомнителна содржина, кое било адресирано до претстедателот на САД, Барак Обама, соопшти денеска Службата за обезбедување на шефот на американската држава.
Сомнителната сордржина на писмото била откриена при редовната постапка на скенирање на добиените пратки.
Во соопштението на Службата за обезбедување на американанскиот претседател се наведува дека секторот за прием на пратки не се наоѓа во близина на Белатља куќа.
Во тек е истрагата во која се вклучени агенти на Службата за обезбедување и на Федералното истражно биро (ФБИ).
Сомнителната пратка го содржела смртоносниот отров рицин, потврдени се првичните сомнежи. Во вторник такво писмо беше испратено и до американскиот сенатор Роџер Викер, а писма со иста содржина примиле уште најмалку двајца сенатори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top