| четврток, 6 декември 2018 |

Најголемата тајна на поранешна Југославија: бункерот на Тито вреден шест милијарди долари (фото)

Бункерот на Тито во Коњиц е граден во тајност помеѓу 1952 и 1979 година и е најдобро чуваната тајна во поранешна Југославија.

05002342

Бункерот е изграден со цел таму да се скријат Тито и неговите 350 најблиски службеници во случај на атомска катастрофа. Овој импозантен простор, бетонска масовна конструкција, лежи на околу 6.500 квадратни метри простор и се наоѓа на околу 300 метри длабочина под површина на земјата.

20160208154813000000

Овој објект наликува на лавиринт и е изграден со намера доколку дојде до атомска војн,а тој да функционира како центар на воени операции и како скривница за претседателот Тито, за неговото семејство и за неговите најблиските соработници. Изградбата (во која се инвестирани 4,6 милијарди американски долари) и постоењето на овој бункер беше најстрого чувана воена тајна до деведесеттите години.

Објектот, во народот познат како бункерот на Тито, се состои од три дела. Првиот е видлив и се вика маскирен дел, а се состои од три објекти: надзорна резиденција, објект за потесно осигурување на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, и објект во кој требало да биде сместен персоналот за техничка поддршка.

20160208154822000000

Кога ќе се помине низ ходникот на првата куќа, се отвораат три тешки метални врати со дебелина од 1,20 метри, зад кои се наоѓа тунел кој ве води до срцето на атомската скривница на длабочина од 280 метри и должина од 202 метри. Тунели  го поврзуваат маскирниот дел со третиот дела на објектот,  атомска скривница, која може да издржи нуклеарен удар со јачина од 20 килотони. Ѕидовите на тунелот се изработени рачно од дрво.  Целиот објект го осветлуваат 6.000 неонки.

Третиот дел од објектот е во облик на потковица и тоа е најзаштитениот дел, бидејќи во него се наоѓаат систем за заштита, противпожарен систем, систем за заштита од нуклеарен удар, клима… Поделен е на 12 блокови. Најзначајни се блоковите 6 (комуникации), 8 (Титовиот блок), 9 (белите дробови на објектот – клима), 10 (цистерни за нафта) и 11 (вода).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top