Фавелата Комплексо да Мар, е еден од најголемите таканаречени сиромашни градови во Бразил. Оваа фавела зазема повеќе од 5.000 квадратни километри и се наоѓа во близина на автопатот кој води до аеродромот. До легендарниот стадион Маракана, на кој ќе биде одржана церемонијата за отворање на Олимписките игри, има само 22 километри.
Токму на тоа место вирусот Зика се шири со неверојатна брзина, а мерките речиси да не може да се преземат. Жителите на оваа населба ги посетуваат неколку здравствени инспектори. Нивна работа е секој ден да одат од врата на врата и да им објаснуваат на граѓаните на Комплексо да Мар за начините на кои можат да се заштитат.Засега, не постои апсолутна заштита. Тоа што експертите предложуваат е на улица да не се излегува без долги ракави или пантолони со долги ногавици, односно да биде покриен колку е можно поголем дел од кожата. Сепак, и покрај овие предупредувања, бројот на заразени во овој дел од Рио расте до толку брзо што 60 луѓе секој ден пријавуваат дека ги имаат симптомите на вирусот.
“Работиме колку што можеме да ги информираме луѓето за опасноста и начините на кои можат да се заштитат, но се плашам дека тоа е премалку и предоцна. Доколку властите сакаат да ја сопрат епидемијата во Рио, ќе мора да направат многу повеќе”, рекол еден од здравствените инспектори кои работи во фавелата, пишува Daily Mail.
Во Комплеско да Мар живеат повеќе од 130.000 луѓе. Во некои делови на овој град речиси е невозможно да се влезе, бидејќи е под контрола на дилерите и мафијата, кои вооружени патролираат по улиците. Колку е сериозна состојбата во фавелите најдобро покажува податокот дека само минатата седмица биле родени 10 бебиња со микроцефалија.Последните бројки покажуваат дека микроцефалија е потврдена кај 404 бебиња, иако постои сомнение дека тој број е многу поголем. Иако во најголем број до случаите деформитетите се видливи на главата, микроцефалија не мора да се манифестира на тој начин. Сепак, тоа што е сигурно е дека децата кај кои е потврдена дијагноза имаат ментални потешкотии и проблеми во развојот.
Првиот случај од овој вирус бил забележан во Африка кон крајот на 40-тите години од минатиот век. Сè уште не е познато како Зика вирусот дошол до Бразил, иако властите тврдат дека е можно да го донеле посетителите на Светското првенство во фудбал во 2014. година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.