| четврток, 6 декември 2018 |

Профилот на „Инстаграм“ на овој шеик го шокираше светот: овие десет фотографии ќе ви покажат и зошто

Јасим Али Салим е трговец од Обединети Арапски Емирати, татко на четири деца и сопственик на засолниште за диви животни. На својот имот во Рас ал – Кхаимах има повеќе од 20 видови различни диви животни, но големите мачки се неговата најголема страст.

seikxoxo

 

Лавовите, тигрите и пумите почнал да ги спасува од различни зоолошки градини уште пред 18 години. Тој воопшто не се плаши од нив, многумина на шега го нарекуваат „шепкач на ѕверовите“.

Својата љубов кон животните со задоволство ја открива на својот профил на „Инстаграм“. Неговиот најомилен лав има изразито светло влакно и сини очи. Јасим и синоокиот лав се неразделни.

Screenshot_1

-Порано морав да ги носам децата во Дубаи ако сакав да им покажам диви животни. Сега повеќе не морам, а откако отворивме, повеќе од 25 илјади луѓе дојдоа да ја посетат нашата зоолошка градина – изјавил за „Натионал“.

Screenshot_2

Животните што ќе завршат во неговата зоолошка градина, најчесто се веќе припитомени. Поради тоа, поголем број од нив не може да биде реинтегрирана во дивината. Таков е случајот и со црниот пантер што го има во градината.

Screenshot_3

Децата на Јасим уживаат во неговото хоби, но за нив пристапот кон дивите животни без негов надзор е строго забранет. Во зоолошката градина живее и малечко шимпанзо кое е вистинско галениче.

Screenshot_4

 

Втората голема страст му се птиците грабливки и коњите, како и што му доликува на вистиски Арап.

Господинот Самил е голем противник на трговија со диви животни.

Кога не е со своите деца, дивите животни или на работа, еве што прави со својата сопруга.

Зоолошката градина сам ја финансира од сопствените приходи, само за храна за животните годишно одделува 90 илјади долари. Во тоа не се пресметани и вработените во зоолошката градина кои се грижат за животните кога е тој отсутен.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top