| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија крева втора ограда покрај границата со Грција

Refugees continue to pass through Macedonia on their way to the European Union

Македонската армија почна да гради втора ограда долж границата со соседна Грција и особено крај кота 59. На ова место пристигнуваат сите мигранти од соседна Грција.

Македонските војници ja почнаа изградбата на втората жица вчера изутрина. Практично се добиваат две огради со еден мал тунел меѓу нив. Според Министерство за внатрешни работи од почетокот на годинава од Грција во земјава пристигнале околу 60 000 мигранти.

Во саботата во Идомени недалеку од Гевгелија пристигнаа 69 автобуси со мигранти.

Во следните денови се очекува зголемување на миграцискиот поток кон земјава поради запирање на штрајкот на грчките вработени во морскиот сектор,

Министерот за надворешни работи Никола Попоски соопшти дека неколку земји ни понудиле помош за заштита на македонско-грчката граница.

Унгарија, Чешка, Словачка, Хрватска и Србија се меѓу земјите кои понудиле помош при изградбата на центарот на регистрација.

Фото: Ѓорги Личовски (РЕПУБЛИКА)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top